Магазин

Белгиското чудо од дете: „ Мојата цел e да станам бесмртен“

11. годишно момче од Белгија дипломира физика на Универзитетот во Антверпен и тоа со најголеми почести, објави локалниот весник Телеграф.

Ова е несекојдневен успех и без шокирачката најава на малиот Лорен Симон кој открива дека неговиот план е да живее вечно со тоа што ќе се претвори во киборг.

„ Ова е само првата коцка од сложувалката на мојата крајна цел, а тоа е да заменувам делови од телото со механички делови. Би сакал да заменам што повеќе делови и го нацртав патот до таму. Можете на тоа да гледате, како на голема загонетка“, вели тој.

„ Две работи се важни во овие студии, стекнување на знаење и примена на тоа знаење. За да ја постигнам крајната цел, би сакал да разговарам со најдобрите професори во светот, да им ѕирнам во мозокот и да видам како размислуваат“, продолжува Симонс.

Оваа година Симонс посетувал и курсеви за магистерски студии, а после летото и официјално ќе започне со магистерските студии. Во сферата на неговиот интерес е квантната физика.

Фото: Instagram

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.