Спорт

Белоруската атлетичарка Циманоскоја бара азил во Германија или Австрија

Белоруската атлетичарка Кристина Циманоскаја ( 24 )која против нејзина лична волја сакаа со авион да ја испратат назад во Белорусија, веќе е под заштита на јапонската полиција, а во случајот веќе се вклучи и УНХЦР, извести Меѓународниот олимписки комитет.

Во понеделникот Циманоскаја требаше да се натпреварува во трката на 200 м, но на аеродромот Ханеда побарала помош од јапонската полиција за да не се враќа дома, за што критика упатила до нејзините тренери.

МОК во понеделникот соопшти дека Циманоскаја ноќта ја поминала во хотел на аеродромот. Според Марк Адамс, портпарол на МОК, побарани се информации од Олимпискиот комитет на Белорусија, со напомена дека притив нив имало и други пријави.

Циманоскаја наводно планира да побара азил од Германија или Австрија, а Полска и Чешка веќе понудиле азил.

Според информациите пак од белорускиот олимписки комитет „Циманоскаја е повлечена од ЛОИ по совет на лекарите, заради нејзината „ емотивна состојба “.

Руската атлетичарка во петокот трчаше на патеката од 100 метри, а требаше да трча 200 метри и штафетата од 4х400 метри во четврток, но е отстранета од екипата, како што вели таа, заради нејзината реакција на социјалните мрежи против белоруските тренери кои ги обвини за негрижа.

Фото: Profimedia/Twitter

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.