Хроника на градови

Битола: Се реконструираат девет улици , а завршена постапката за јавна набавка за дотерување на уште шест други

Општина Битола ја заврши постапката за јавна набавка за реконструкција на повеќе
улици, при што се склучени договори со изведувачите за реконструкција на улиците
„Ѓорги Ѓоргиев Џоџа“, „Пробиштип“, „Цане Василев“, „Кленовец“, „Херцеговина“ и
„Ѓорги Беќаров“. Избран е изведувач и за реконструкција на пешачката патека на
Тумбе кафе. Во тек се постапки за јавни набавки и за реконструкција на улиците „2
Август“, „Македонска фаланга“ и „Солунска“.
Во меѓувреме продолжуваат градежните активности во Општина Битола за
реконструкција на 9 улици. На дел од нив се врши промена на инфраструктурата, по
што ќе следува асфалтирањето, а дел од улиците, кои што имаат добра водоводна и
канализациона мрежа, ќе добијат нов коловоз. Сите инфраструктурни градежни
работи се одвивааат на локации каде не е интервенирано со децении.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.