Фото: EPA-EFE/TAMAS KOVACS HUNGARY OUT
Спорт

Боксерот Бала во обид да го одгризе увото на Ника од Нов Зеланд

Мароканскиот боксер Јуне Бала предизвика скандал на Летните олимписки игри кои се одржуваат во Токио, Јапонија.

Бала во мечот против натпреварувачот од Нов Зеланд, Дејвид Ника се обиде да му го одгризе увото на ривалот.

Овој момент потсетува на легендарната борба во 1997 година кога Мајк Тајсон одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд.

Бала не успеа во неговата намера, иако противникот беше свесен за непријатната ситуација. На крајот Ника победи со одлука на судиите, а Мароканецот не беше суспендиран во текот на мечот поради овој потег.

Фото: EPA-EFE/TAMAS KOVACS HUNGARY OUT

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.