Тим од научници од Виена, во научно- истражувачки цели ќе чипира 22 постоечки видови на лилјаци.
Целта на истражувањето е да се утврдат живеалиштата и трасата на движење на лилјаците во овој град. Посебно внимание се посветува на видовите лилјаци кои се вгнездиле во пукнатини и поткровја на куќи, а посебни мрежи за заловување се поставуваат и во зоолошките градини, после што им се лепи емитер кој после извесно време отпаѓа.
Во центарот на вниманието се женките.
Посебноста на лилјаците е што тие се поврзани со своите живеалишта, што подразбира дека престојуваат во исти станишта со децении и векови.
Скоро сите видови на лилјаци во Австрија се исклучиво инсектојадци, иако постојат видови кои се хранат исклучиво со месо или пак, со овошје и лисја.
Лилјаците крвопијци не се регистрирани во средна Европа. Трите видови лилјаци кои се хранат со крв од домашни животни се регистрирани во Средна и Јужна Америка.