Спорт

Во трка за тронот во Лигата на Шампиони, вечерва судир на Реал Мадрид и Ливерпул

Реал и Ливерпул, едни од најуспешните тимови во историјата на европските купови ќе се соочат вечерва во главниот град на Шпанија , во рамки на ¼ финалето од фудбалската Лига на Шапиони.

Реал Мадрид го пречекува Ливерпул, во меч во кој домаќините ќе бараат да обезбедат предност на стадионот „Алфредо ди Стефано“ пред реваншот на „Енфилд“ на 14-ти април.

Реал Мадрид е најуспешниот тим во историјата на Лигата на Шампионите, освојувајќи го ова натпреварување во 13 наврати, вклучително и четири пати во последните седум години, но тие беа елиминирани во осминафиналето во последните две години, губејќи од Ајакс, односно Манчестер Сити.

Избраниците на Зинедин Зидан не беа најдобри во групната фаза оваа сезона, освојувајќи само три од своите шест натпревари во групата Б, но тие успеаја да соберат 10 поени за да завршат на врвот на групата со Менхенгладбах, Интер и Шајхтор.

Аталанта беше нивни противник во осминафиналето, но тоа се покажа како релативно рутински  за избраниците на Зидан, кои забележаа победа од 0:1 на гости на првиот натпревар пред да победат со 3:1 во шпанската престолнина.

Ливерпул во саботата вечерта го забележа еден од своите најдобри настапи во сезоната на гостувањето кај Арсенал. Резултатот ги помести „црвените“ на петтата позиција, само на два бода од првите четири. Сега конечно се чини дека се вратија на вистинскиот пат, постигнувајќи три победи во низа во сите натпреварувања.

Тимот на Јирген Клоп загуби на домашен терен од Аталанта во групната фаза оваа сезона во Лигата на шампионите, но сепак успеа да се најде на првото место со 13 поени од своите шест натпревари против Аталанта, Ајакс и Митјиланд.

Како и Реал Мадрид, така и англискиот гигант многу полесно од очекувањата го елиминираше Лајпциг славејќи на два пати со идентични 2:0.

Нема сомнение дека ова е разочарувачка сезона за екипата, бидејќи тимот воопшто не беше во можност да ја брани титулата во Премиер лигата, но завршувањето во топ четири и освојувањето на Лигата на шампионите ќе го претвори очајот во успешна кампања. Токму тоа е целта на Клоп оваа сезона и тој прилично  нескромно го најавува тоа постојано.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.