Дејан Георгиевски го победи Јужнокореецот Кио Дон Ин, го помина и полуфиналето и освои медал на Олимписките игри.
Теквондистот Георгиевски ќе се бори за златото во категоријата над 80 килограми на Олимписките игри во Токио, со што Македонија го обезбеди првиот олимписки медал по пауза од 21 година. Во финалето, што е на програмата од 14:45 часот, тој ќе се бори против Русинот Владислав Ларин.
На патот до полуфиналето, Георгиевски ги совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба со 11:8 и репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4.
Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO