Хроника на градови

Да заврне ризик, ако не заврне пак ризик?!

Ресен и Преспа долги години наназад се соочуваат со недостиг од вода за пиење, и каква ќе биде состојбата зависи од тоа колку дожд или снег имало во текот на годината. Годинава проблемот се јави малку подоцна од претходните години, за што веројатно помогнаа јунските дождови кој накратко ја поправија состојбата со слабата издашност на изворите.

„Со порастот на температурите и отсуството на врнежи, зголемената потрошувачка на вода заради летните горештини, но и злоупотребите на граѓаните кои нерационално ја трошат водата за полевање на дворовите и наводнување на бавчите, се намалува нивото на водата во изворите и бунарите, па проблемот повторно се актуелизира“, вели вд. директорката на ЈКП „Пролетер“, Христина Јоновска.

„ Во моментов, во одредени делови од денот, најчесто во поладневните часови во повисоките делови од градот нема вода, заради зголемената потрошувачка. Преземаме акции за опомена на граѓаните кои несовесно ја користат водата, но за жал засега не забележуваме подобрување. Веќе од наредната недела започнуваме со изведба на проект за намалување на загубите навода, инсталирање на СКАДА системот за детектирање на истите, со што би се намалила неприходуваната вода, но проблемот целосно може да се реши исклучиво со ископ на уште еден или два бунари, инвестиција што претпријатието самостојно не може да ја финансира“, изјави Јоновска.

Што се однесува до проблемите со недостигот од вода во туристичките населби Стење и Претор, Јоновска ни рече:

– Водоводот во Стење не е под управување на ЈКП „ Пролетер“, што значи претпријатието нема надлежност над овој водовод, а што се до Претор, населбата има техничка вода која беше во преки на кратко заради проблеми со напојувањето, меѓутоа после долги години, проблемот со електричната енергија е решен и Претор има вода.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.