Магазин

Денеска е Светскиот ден на музиката, се празнува во повеќе од сто земји во светот

Идејата за одбележување на овој ден ден како Светски ден на музиката настанала во 1974 година во Франција. Амариканскиот музичар Џоел Коен, тогаш вработен во едно француско радио предложил целоноќна музичка прослава на првиот ден на летото кој е најдолг ден во годината.

Пет години подоцна неговата идеја ја прифатил тогашниот министер за култура во француската влада, Жак Ланг и првата прослава наречена „ Фестивал на музиката“ се одржала на 21 јуни 1982 година во Париз.

Одтогаш до денес музичките средби и бесплатните настапи на професионалните и аматерските музичари по повод Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото се организираат во повеќе од 100 земји во светот.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.