Култура

Започнува Фестивалот на европскиот филм Cinedays

Со музичката драма „Анет“ на Леос Каракс вечерва од 21 часот, во Градски парк на отворено, почнува 20. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Годинава фестивалот се одржува од 15 до 21 јули, под мотото „Филм Фактор 20“.

Денеска почнува јубилејното 20-то издание на фестивалот на европскиот филм CINEDAYS и ќе трае до 21 јули, под мотото „Филм Фактор 20“.

Програма за вечерното отворање на фестивалот опфаќа проекција на филомот „Анет“ во режија на Лео Каракс во 21:00 часот во Градски парк и настап на групата „Бела Техника“ во МКЦ Парк во 23:30 часот.

Подоцна во 23:30 часот, во МКЦ паркот ќе настапи групата „Бела техника“. Таа е основана во 2016 година од двајца членови на култниот белградски бенд „Дарквуд Даб“: гитаристот Бојан Дробац – Бамби и басистот Милорад Ристиќ – Мики. На двајцата им се приклучува и оперската пејачка Катарина Јовановиќ.

Фестивалот на европски филм годинава ќе се одржува на повеќе локации низ Скопје (парк МКЦ, Градски парк, парк Ибни Пајко, кеј на Вардар, кината Фросина и Милениум, на Водно, Кале).

Филмовите се поделени во повеќе категории: Официјална селекција, Гала-програма, Селекција на анимирани музички видеа, МК во ЕУ, УНИЦЕФ еко филм програма, МК кратки филмови, БАФТА 2020, SEE програма, Детска програма, Музичка селекција од концерти во специјалната програма на фестивалот – cinEmusic.

Билетите за 20. CINEDAYS чинат 100 денари, за сите концерти и филмови, освен за филмовите од POP-UP кино, кои се бесплатни. Со секој купен билет за филм, се добива и пропусница за cinEmusic програмата предвидена за тој ден. 

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.