Еден од главните израелски стратези за борба против пандемијата, др Ашер Шалом за хрватска Нова открива колку на Израел и помагнала масовната вакцинација, но и кои се начините за излез од здравствената криза.
Во Израел 80 посто од возрасната популација е вакцинирана со две дози, а пред месец е укината и забраната за носење маски, а се случи пораст на бројот на новозаразени. Дневните бројки се околу 1.400 новозаразени.
Според Шалом, 95 % од новите инфекции отпаѓаат на делта сојот и дел од новозаразените се имунизирани. Вакцините покажуваат од 60 до 70 посто ефикасност, но спречуваат потешки облици , критични состојби и смртност.
До пред месец дена бројот на хоспитализации во Израел бил 0, но сега има благ пораст, вели Шалом. Нема пораст нити кај смртните случаеви и тоа има врска со тоа што 90 посто од највозрасната популација е комплетно имунизирана.
По прашањето за состојбата наесен, Шалом не е оптимист. Смета дека ќе се јавуваат нови и нови соеви за кои вакцините нема да бидат доволни и дека мора да има план за регулација на меѓународните патувања, со цел состојбите да се менаџираат и да се ограничат.