Свет

Индиските болници се полнат со заболени од мукормикоза, 4.300 веќе починале

45.000 во Индијци во моментов боледуваат од мукормикоза или „црна габа“, а 4.300 заразени веќе починале. Повеќе од 85 посто од болните со мукормикоза претходно биле инфицирани од коронавирусот, пренесува CNN.

Според податоците на тамошното министерство за здравство, пред пандемијата во Индија годишно биле евидентирани од 3.000 до 4.000 случаи на мукормикоза, и државите немале обврска да ги пријавуваат случаите. Тоа се променило во мај кога бројот на заболени од „ црната габа“ нагло почнал да расти. До крајот на јуни бројот на пријавени бил 40. 845, а две недели подоцна пораснал за девет посто или 45.374 случаи.

Мукормикозата е втора индиска криза после коронакризата и ова инфекција ,беше ретка до оваа година, иако за 80 посто е почеста во Индија, отколку во други земји во светот.

Ја предизвикуваат мукормикети, мали габи на кои луѓето се секојдневно изложени , но стануваат посебно ранливи после прележан Ковид-19 и слаб имунитет.

Ако не се лечи брзо , мукормикозата предизвикува трајно оштетување на лицето, губење на видот и смрт, а смртноста е поголема од 50 посто.

Не постои брз начин за отстранување на габите, па пациентите се изложуваат на операции за отстранување на заразеното ткиво во постапка позната како дебридемент. Подоцна се лечат со антифунгални лекови кои спречуваат реинфекција.

Фото: Getty Images

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.