Вести

Како антиваксерот Меркола спечалил над 100 милиони долари?

The New York Times го прогласи докторот Џозеф Меркола за највлијателен лик за ширење на дезинформации во врска со коронавирусот во онлајн комумикацијата.

Сето ова се случи после нападот на американскиот претседател Бајден на Фејсбук мрежата која „ дозволува ширење на антиваксерски информации кои имаат влијание на милиони луѓе“ , пренесува Јутарњи.хр.

Инаку, Џозеф Меркола е лекар- остеопат од Флорида кој прилично долго време е субјект на критика на владата и регулаторните здравствени тела на Америка, заради ширење на непроверени и неодобрени терапии, а сега и како фактор за ширење на дезинформации поврзани со корона кризата.

NYT се повикува на она што е објавено на страницата на Меркола, дека вакцините против Ковид-19 се „медицинска измама“, дека истите не ја спречуваат инфекцијата, нити трансмисијата на болеста.

Во истиот статус се наведува дека вакцината влијае на „ наше генетско кодирање“, не претвора во вирална фабрика на протеини кои немаат прекинувач за исклучување.“

Овој статус од 3.400 зборови веднаш бил преведен на шпански и полски јазик и пренесен на десетици антиваксерски блогови, а преку Фејсбукстигнал до 400.000 корисници на мрежата.

Меркола во суштина е интернетски претпримач и вработува повеќе луѓе. Од почеток на пандемијата објавил над 600 прилози кои ги проблематизираат вакцините против Ковид-19. На службената страница на Фејсбук има 1,7 милион следачи , а неговите тези се шират и преку другите социјални мрежи: Твитер ( 300.000 следачи), Инстаграм и Јутјуб ( 400.000).К октелот информации и дезинформации, Мекола го претворил во профитабилен бизнис. Неговото богаство во моментов се проценува на стотина милиони долари.

Др Меркола е највлијателниот член на групата која се нарекува Дезинформациска дванаесторка ( Disiinformation Dozen). Според Центарот за ширење на дигитална омраза се работи за 12 луѓе одговорни за ширење на 65 посто од антиваксерските содржини. На листата се и Роберт Ф. Кенеди ( познат антиваксерски активист) и Ерин Елизабет, носечко име на Health Nut News, воедно и девојка на Меркола.

Меркола и пред пандемијата, во повеќе наврати бил под притисок на регулаторните тела.

Во 2012 година продавал соларни терапии со тврдење дека ги намалува шансите за онколошки заболувања. Тогаш Сојузната трговска комисија го обвинила за лажно огласување. Обвинет е и за продавање на недозволени здравствени производи во 2005, 2006 и 2011 години и парично казнет со повеќе милиони долари.

Фото: Yotube

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.