Хроника на градови

Кампањата „Чиста Преспа-Моја Преспа“, масовна акција за чистење на Преспа, започна и манифестацијата „ Meet Prespa“

Акцијата „Чиста Преспа, Моја Преспа“ што локалната власт ја најави и започна на 5-ти јуни продолжува со несмалено темпо. Истата наиде на подршка кај невладиниот сектор, вработените во државните институции, бизнис-секторот, но и граѓани кои сакаат да помогнат Преспа да биде што почиста и поубава.

-Од кога започна акцијата, се работи и чисти секојдневно. Се чистат дивите депонии, се подигнува сметот, се коси, се уредуваат плажите, се чистат дворовите по институциите. Веќе се среди и исчисти дворот на Заводот за превенција, лекување и рехабилитација во Отешево, дворот на мониторинг станицата во Стење, се исчисти и попесочи плажата во Стење, се исчисти депонијата во Коњско, плажите и просторот за спортување во село Наколец, патеката од Претор до Сливница, патеките низ туристичката населба Претор. Интензивно се работеше и во градот, се исчисти амфитеатарот над градот и спортско-рекреативниот центар кај гимназијата „ Цар Самоил“, коритото на Голема Река и многу други локации , информираат од локалната самоуправа.

За денес е најавено чистење на плажите во Отешево, а потоа ќе се чисти и во селата Грнчари и Подмочани.

На 26 јуни пак, Преспа ќе биде домаќин на манифестацијата Meet Prespa, која има за цел да ја претстави комплетната слика за Преспа, преку природната убавина, езерото, околните национални паркови, орнитолошкиот резерват, прекрасните цркви и манастири, Сарајот, но и преку традиционалната храна, со цел Преспа туристички да се промовира. На настанот посетителите ќе имаат можност да уживаат во музичките перформанси на домашните артисти Saso Resyd и Uzun Baba и Positive cuts од Албанија и Thomas Nyman од Грција

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.