Дербито меѓу Макаби Тел Авив и Макаби Хаифа после долго време се одигра со полни трибини на стадионот Блумфилд во Израел, пред 28. 500 гледачи.
Публиката имаше и што да види, се постигнаа четири голови и сите, во рок од половина час. Натпреварот заврши со резултат 2:2, а табелата во израелското првенство остана непроменета, Макаби Хаифа останува на првото место , пред второпласираниот Макаби Тел Авив.
Огромното задоволство и расположената публика најави подобри денови, што се однесува до пандемијата и повторно уживање во фудбалските вратоломии.
Фото: Facebook/ Maccabi TLA