Спорт

Магдебург го елиминира Еурофарм Пелистер од ЕХФ ракометната лига

 Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги завршија натпреварите во европската ракометна лига откако вечерва во Магдебург беа совладани од истоимената екипа со 35:24 (14:9).

Битолчани на гостувањето кај Германците одиграа борбено, подобро отколку во првиот натпревар, но разликата во квалитетот повторно беше потврдена од интернационалците на Магдебург кои речиси рутински го минаа осминафиналето од ЕХФ ракометната лига.

Најдобри на теренот беа голманите на двете екипи, односно Тулин кој имаше 12 интервенции и Чаневски кој забележа 9 одбрани.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.