Организаторите на Олимписките игри потврдија дека медалите за олимписките и параолимписките игри во Токио 2021 година за прв се изработени од рециклирани метали.
Во рамки на проектот „ Иновативна иднина за сите“ кој се спроведуваше од 1 април 2017 до 31 март 2019. Јапонците се повикуваа да донираат мали електронски уреди и паметни телефони, кои подоцна се рециклираа, а благородните метали од нив се претопуваа и од нив се правеа медалите кои денес ги носат олимписките победници.
Така еколошки освестената нација учествуваше во активност за заштита на животната средина, но и во една благодарна мисија, сите заедно да учествуваа во создавањето на трофеите.
Вредните како мравки Јапонци успеале да соберат дури 76.000 тони мали електронски уреди и 6,21 милион стари мобилни телефони , во кои биле депонирани 32 кг злато, 3.500 кг сребро и 2.200 кг бронза.
Во спротивно сето ова ќе завршело на депониите и ќе останело неупотребено. Вака од собраната количинана метали се изработени дури 5.000 олимписки и параолимписки медали.