Економија

Милиони луѓе во опасност од глад и сиромаштија

Светската програма за храна на ОН (WFP) излезе со предупредување дека се очекува голем пораст на цените на храна, а милиони луѓе може да останат без оброци со хранливи материи. 

Експертите на WFP регистрираа најголемо зголемување на цените на храната на Блискиот Исток.

Во Сирија, просечната цена на маслото за јадење се зголеми за 58 проценти во периодот од март до мај во споредба со претходните три месеци. Во Либан, просечната цена на пченичното брашно порасна за 50 проценти за истиот споредлив период. Климатските феномени, временските услови на Тихиот океан со далекусежни ефекти, придонесуваат за зголемување на цените.

„Климата и Ковид-19 заедно ќе втурнат многу луѓе во глад и сиромаштија. Сега цените на храната се приклучија на смртоносното трио“, изјави денеска главниот економист на WFP, Ариф Хусеин.

Земјите во Африка, како Зимбабве и Мозамбик и во Јужна Америка, како Венецуела, регистрираат пораст на цените на храната.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.