Култура

На 78.годишнината од погибијата на Кочо Рацин завршија 58. Рацинови средби

Најпознатиот македонски поет, прозаист, критичар, историски мислител, патриот и најпознатиот македонски интелектуалец меѓу двете светски војни, Коста Солев Рацин починал на денешен ден пред 78 години, во 1943 година.

Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради тоа што постојат сомневања дека бил убиен. Посмртните останки на поетот денес се наоѓаат во Спомен-костурницата во Велес, каде се наоѓаат и посмртните останки од неговите загинати соборци и другари.

Неговата најпозната стихозбирка „ Бели мугри“ објавена е во 1939 година и се смета за ремек- дело на модерната македонска книжевност.

Со доделување пак, на Рациновото признание на Милован Стефановски за „Теорија за кучешката година” и на Почесното Рациново признание на Ала Генадјевна Шешкен, руски славист и македонист, за нејзиниот придонес за афирмација на македонскиот јазик и литература во светот, синоќа во Велес завршија 58. Рацинови средби.

Програмата на Рациновите средби траеше во изминатите два дена, а се заокружуваат со традиционалната посета на планината Лопушник, Кичевско, местото на погибјата на Рацин, во чија чест ќе се одржи Марш за Рацин.

На Рациновите средби во Велес во изминатите години гостувале и потоа ја презентирале македонската литература и култура во своите земји писатели од Грција, Украина, Русија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и многу други земји.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.