Магазин

Неколку начини за наводнување на растенијата додека сте на годишен одмор

За да може мирно да уживате во годишниот одмор и притоа да не се грижите за вашите „зелени љубимци“, цвеќињата и растенијата ви пренесуваме неколку совети за самонаводнување на растенијата со веќе проверени методи.

Уште веднаш да напоменеме дека собните билки се поиздржливи од балконските, кои дополнотително може да ги заштитите со спуштање на тендата со што создавате сенка и ги заштитувате од директната изложеност на сонце, но водејќи сметка за тоа да не се во комплетна темнина.

Доколку имате зачински билки и сукуленти со дебели листови како агавата, тие можат да издржат без вода дури три недели. Во своите меснати делови сукулентите имаат складирана вода и хранливи материи, па можат да преживеат подолг сушен период. Многу малку вода губат и оние билки од медитеранско потекло, како лавандата, рузмаринот, но нането мора да го ставите под сенка.

Чуствителните растенија како орхидејата или бонсаито ќе мора да ги оставите кај пријатели или роднини, затоа што тие сакаат поголема грижа, дури и на пократко време од вашиот одмор.

Пред заминувањето на одмор исчисте ги растението од сувите или овенати делови, нахранете го со ѓубриво и обилно залејте го со вода. Оставете го во просторија што има светлина, барем осум часови. Чиниите под саксијата наполнете ги со вода.

Можете да користите и неколку методи за самонаводнување: земете пластично шише чие што капаче ќе го избоцката со игла , наполнете го со вода и убаво затворете го. Свртето го со капачето надолу и закопајте го со капачето во земја. Така додека сте вие отсутни, растението ќе добива вода на тој начин.

Доколку имате повеќе саксии со растенија на балкон, наполнете канта со вода и поставете ја на стол. Наредете ги саксиите околу столот, а во кантата ставете подолго јаже или ленти од газа. Кон секоја саксија спроведете посебна лента од газа. На овој начин од кофата преку газата водата ќе стигнува до цвеќињата.

Само на овој начин растенијата ќе го „преживеат“ вашето отсуство.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.