Вести

НП Галичица: Дозволено е транзитирање само по асфалтниот пат

Согласно одлуката на Владата за забрана на движење во шумските подрачја, националниот парк „ Галичица“ издаде дополнително соопштение за јавност, во кое стои:

„ Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари.

Заради тоа, а со цел заштита и безбедност на посетителите и граѓаните, Јавната установа Национален парк Галичица ја информира јавноста за одлуката на Владата на Република Северна Македонија за целосна забрана за движење низ шумските подрачја.

Одлуката од страна на Владата стапува на сила од денес, 3 август, а ќе трае до одповикување на истата. Јавна Установа Национален Парк Галичица, спроведувајќи ја одлуката на Владата, соопштува дека преку Галичица е дозволен само транзит по асфалтниот пат без напуштање на истиот,“ се вели во соопштението на НП „ Галичица“.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.