Овогодинашното издание на манифестацијата „ Актерот на Европа“ не доби подршка од Министерството за култура и годинава се одржува во онлајн издание.
Фестивалот започна на 6-ти и ќе трае до 11 јули.
На програмата на онлајн изданието на фестивалот ќе бидат прикажани претстави од регионот и повеќе европски земји, меѓу кои: „Сонот за Хамлет“ во изведба на Ментор Зумберај од Косово, „Тобелија“ од Танцувачкиот театар од Љубљана, „Писмо од непознатата жена“ од Штефан Цвајг, во режија на Милан Маѓарев од Белград, „Дорунтина“ во адаптација и режија на Лаерти Васили од Тирана, а вон конкуренција, во чест на наградените ќе биде презентирана претставата „Грабнувањето на Елена“ од Лука Чедрола, во изведба на минатогодишната добитничка на наградата Актер на Европа, Виола Грациоза од Италија.
Претставите можат да се гледаат на веб страницата на Фестивалот: http://www.actorofeurope.net/?fbclid=IwAR0jQx9DtzvkZseTWDIb016ykN8QFWW62sCqe6ltzumTg86v2VZeppdPqj8