Македонија

После полноќ започнува летното сметање на времето

Вечерва  во 02.00 после полноќ, со поместување на времето за еден час нанапред, започнува летното сметање на времето.

Во Македонија важи времето што му соодветствува на универзалното координатно време зголемено за 1 (еден) час (средноевропско зонско време).

 Неодамна, Европскиот парламент изгласа укинување на летното и зимското сметање на времето, односно промената на времето двапати годишно. Според одлуката, во 2021 година за последен пат ќе се случи корекција на времето, а потоа сите членки на ЕУ коишто планираат засекогаш да останат на летното сметање на времето, ќе треба за последен пат стрелките на часовникот да ги поместат во последната недела од март 2021 година, а оние коишто ќе одберат зимско сметање своите часовници, за последен пат ќе ги поместат последната седмица од октомври 2021 година.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.