Култура

Преспаленд 2021 -Фестивал на традицијата

Во сабота, Димитар Влахов“ во Љубојно со симболично одржување на првиот час на македонски јазик и официјално ќе започно првиот мултимедијален фестивал на традицијата и историја „ Преспаленд 2021“.

Гостите ќе имаат можност да уживаат во традиционално приготвените кулинарски специјалитети, препознатливи за Преспа, воедно да уживаат во музичките настапи на групата „Перија“и виртуозот Џенгиз Ибрахим.

Вљубениците во пишаниот збор ќе имаат можност да уживаат во поетските читанки на поезија од Елена Пренџова, Игор Трпчевски-Трпе, Марија Грубор и Горазд Китаноски од Поетри Слем Македонија.

Во недела пак, на плажата во Сливница музички концерти ќе одржат дуото Александар и Дац и Владо Јаневски

Во рамки на фестивалот се најавува посета на шест селски населби, 11 настани и прошетки во природата.

Наредните три месеци Преспа ќе живее во знакот на фестивалот, во рамки на кои ќе се одржуваат низа работилници од едукативен карактер, спортски, музички и литературни настани, сценски изведби и изложби.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.