Кујна

Рецепт: Аршлама

Начин на подготовка: 1 литар вода, 1 лажица сол, 2 лажици шеќер, 1 филџан масло се зовира во поголемо тенџере. Откако ќе зоврие се додава 1 кг брашно и постојано се меша со дрвена лажица. Кога убаво се поврзе смесата, така врела се истура на набрашнета површина и се домесува со раце до добивање глатко тесто.

Тестото се дели на 14 парчиња кои се враќаат во садот во кои се подготвуваше тестото за да остане топло (полесно се работи топлото тесто). Секое од топчињата се посипува со брашно пред сучењето. Кората се сучи во величина на тепсијата( ова е доза за тепсија бр.38 или евентуално 36 доколку сакате аршламата да ви биде повисока) со напомена дека вареното тесто е потешко за сучење. Откако кората ќе се исучи, се става во тепсијата, се попрскува со масло и се посипува со ситна тарана , освен последната. Потоа се сечи по желба најгоре се попрскува со масло. Се пече најпрво на 220 степени , додека малку не порумени, па се намалува на 180 за постапно да врие. За да се испече потребни се 40-45 минути.

Рецепт и фотографии: Емилија Мешуревска

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.