Кујна

Рецепт: Козињак

2 кг брашно

2 чаши шеќер

6 јајца

1 квасец

1 чаша масло

Се додава млако млеко по потреба, кора од еден лимон, од 300-500 суво грозје ( по желба ). Се замесува средно меко тесто, се кисни тестото, се премесува два пати, и кога по трет пат ќе надојде, се почнува да се прават плетенки. После тоа се остава да издојде тестото повторно и се става да се печи на температура од 180 степени. Откако ќе зацрвени, температурата се намалува на 160 степени.

Рецепт: Емилија Мешуревска

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.