Кујна

Рецепт: Мантии

Мантиите се традиционално босанско јадење и ако решите да ги направите, нема да погрешите.

Потребни состојки: 1 кг брашно, сол, 1 лажица масло и количина млака вода потребна за замесување на меко тесто. Потоа 1/2 кг мелено месо, 4 поголеми главици кромид, вегета по желба и црн пипер.

Начин на подготовка:

Се замесува тесто од горенаведените состојки, меко, но да не се лепи на рацете. Убаво се меси подолго време. Се одложува во сад, од горната страна се мачка со масло и се покрива со најлонска фолија која ќе лежи на тестото. Се остава да отстои еден час.

Во меѓувреме ситно се сецка кромидот и се пржи на повеќе маснотија. Откако ќе добие стаклест изглед,се додава месото, вегетата и црниот пипер. Убаво се пржи и се остава да се излади.

Тестото пак, кое сте го одложиле на еден час , го размесувате, го делите на пет парчиња и секое парче повторно го мачкате со масло од горната страна. Парчињата ги покривате со најлонска фолија и ги одложувате на 20 минути.

Додека чекате на тестото, ја подготвувате масата на која ќе ги тегнете корите. Се постила чаршаф кој не треба да се лизга и поместува од масата. Се набрашнува чаршафот и почнувате со развлекување на корите со нежни допири на рацете, за корите да не пукаат.

Растегнатата кора се попрскува со масло и се посипува со прженото месо, убаво разместено по кората. Кората се завиткува со помош на чаршафот, а не со раце, за да не се нагмечуваат корите.

Откако ќе ја замотате кората, се сечат парчиња долги околу 4 цм, и истите во круг се редат во намастен плех.

Постапката ја продолжувате до завршување на тестото и месото.

Се печи на температура од 200 степени. Откако ќе почне да всцрвенува, се потурива одозгора со околу 300 мл јогурт. Повторно се враќа во рерната и се остава убаво да поцрвени.

Откако ќе г извадите од рерната, се попрскува со прсти со ладна вода и се покрива со чаршав, за мантиите да омекнат.

Доколку се нафатите да направите, сигурно ќе има и втор и трет пат….

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.