Кујна

Рецепт: Обланда со бела алва и карамел

За обландата со бела алва е потребно: 8 белки, 400 гр шеќер, 400 гр ореви, половина чаша мед. Се матат белките со шеќерот убаво, се додава медот и се меша на пареа 50 минути. Откако се подготви смесата, се додаваат ситно сецканите ореви и смесата се става над обланда, пресечена на половина Одозгора се става уште една од истата величина. Се остави убаво да се излади смесата и обландата да се стегне. Потоа се сечи во форма по вкус.

За обландата со карамел е потребно: 400 гр шеќер, 1 маргарин, 8 жолчки, 400 гр ореви сецкани.

Најпрвин се карамелизира шеќерот, потоа се додава маргаринот со постојано мешање, а потоа се додаваат изматените жолчки со 2 лажици шеќер. Се меша на тивок оган 15-20 минути. На крај се ставаат оревите и смесата се става над обланда и се покрива со друга обланда.

По овие рецепти нашите мајки подготвувале визитарски колачи. Вреди да се пробаат!

Рецепт: Емилија Мешуревска

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.