Кујна

Рецепт: Свинско ребро со мед и сенф

Начин на подготовка: Реброто од вечер се посолува убаво, со повеќе сол, се премачкува со мед и сенф. Пола лажица мед и 2-3 лажици сенф убаво се разматуваат до соединување во сос. Месото убаво се премачкува од сите страни и се посипува мелен црн пипер. Се останава на ладно преку целата ноќ, да ги впие состојките. Наредниот ден се додава масло и пола чаша вода и плехот во кој е ставено свинското се заматува од сите страни со фолија. Се печи 4 часа на температура од 170 степени. Потоа се додаваат обарени компири и моркови и се враќа во рерна без фолија. Се печи додека не поцрвени. Времето на печење е вкупно 5 часа.

Рецепт : Емилија Мешуревска

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.