Кујна

Рецепт: Сладолед на стапче само од три состојки

Стигнуваат високите летни температури и сите бараат начини за освежување.

Сладоледот е слатка и ефтина можност за разладување, доколку го направите дома.

Потребно е: 100 гр млечно чоколадо ( црно или бело по ваш избор), 300 гр слатка павлака и 200 гр кондензирано млеко.

Начин на подготовка: растопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа и со него намачкајте ги калапчињата или хартиените чашки. Ставете ги во фрижидер на десетина минути за чоколадото да се стврдне.

Во меѓувреме со миксер изматете ја слатката павлака и додајте го кондензираното млеко и добро измешајте ја содржината. Потоа со содржината полнете ги калапчињата или хартиените чашки и повторно ставете ја во фрижидер на десетина минути.

Потоа извадете ги од фрижидер и вовлечете стапче, и повторно, на подолго време оставете ги во фрижидер.

Пред послужување извадете ги од калапите или хартиените форми.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.