Култура

Сара Климоска ја прими наградата „Европски актер во подем“

Младата македонската актерка Сара Климоска во Берлин ја прими наградата „Европски актер во подем“ (Shooting star)“, што ја доделува платформата Европска филмска промоција.

Иако Берлинале вообичаено се одржува во февруари, врачувањето на наградите годинава се одржа со неколку месечно одложување заради ковид пандемијата. Годинава 71.издание на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал се одржа во март, но сите фестивалски награди ќе се доделат најдоцна до 20 јуни.

Климоска е меѓу 10-те актерски таленти во подем во Европа. Ѕвездата на „Врба“ на Милчо Манчевски е номинирана од македонската Агенција за филм, а во изборот се и млади таленти од Германија, Франција, Холандија и Шведска.

Наградата ја добива за улогата во дебитантскиот филм на Игор Алексов, „Лена и Владимир“, во продукција на „Минд“, според сценариото на Александар Русјаков.

Тројца македонски актери досега ја добиле наградата – Лабина Митевска во 1998, Наташа Петровиќ во 2011 и Благој Веселинов во 2019

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.