Вести

Сиднеј затворен и наредниов месец

Сиднеј го продолжи карантинот за уште четири недели, откако бројот на заразени со коронавирус продолжи да расте. Наредбата да се седи дома беше донесена кон крајот на јуни поради ширењето на попреносливиот делта сој.

Во најголемиот австралиски град се регистрирани повеќе од 2.500 случаи на коронавирус откако почна новото ширење и ситуацијата не се подобри со воведувањето карантин.

„Невозможно е градот да излезе од карантин овој петок, како што беше планирано“, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан.

Таа најави и дополнително ограничување на движењето, како одење во шопинг најдалеку десет километри од дома.

Викторија и Јужна Австралија денеска го укинаа карантинот, откако ширењето на коронавирусот се намали.

Фото: REUTERS

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.