Економија

Сметките за струја повисоки до усвојување на измените на Законот за ДДВ

Сметките за струја за месец јули ќе бидат повисоки, а министерот за финансии Бесими, вели дека деновите кога ќе биде усвоено новото ДДВ се бројат на прсти и секој момент се очекува пратениците да ги изгласаат промените на Законот, за ДДВ-то да се намали од 18% на 5 %.

Одлуката на регулаторна за поскапување на електричната енергија за 12,3 проценти почна да важи од 1 месецот и тоа со ДДВ од 18 проценти и така ќе се пресметува се додека не се усвои новата законска регулатива, т.е. понизок ДДВ не смее да се пресметува.

Бесими упати апел до сите пратеници што побрзо да го донесат законот и ДДВ на струјата да се пресметува на пониска стапка. 

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.