Македонија

Средба на Пендаровски со Даниел Петреску, началник на Генералштабот на вооружените сили на Романија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал-потполковник Даниел Петреску, кој престојува во официјална посета на Македонија.

На средбата стана збор за билатерални односи меѓу двете држави, особено за соработката во одбраната која опфаќа посети на високо ниво, експертски средби во областите на одбранбеното право, логистиката и разузнавањето, обуки, курсеви, учество на вежбовни активности, како и стручни оспособувања во воено-образовните центри во Романија.

Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка помеѓу двете армии и констатираа дека со членството на Македонија во НАТО се отворени и нови можности за проширување на партнерството.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста од продолжување и развој на билатералната соработка во областа на одбраната, како и одржување на постојан и динамичен политичко-воен дијалог меѓу двете држави.

На средбата беа разменети информации и мислења за придонесите на армиите во двете земји во справувањето со пандемијата предизвикана од Корона вирусот.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.