Вести

Три постковид симптоми кои траат и до една година

Германските истражувачи спровеле истражување чии резултати се објавени во списанието Clinical Infectious Diseases, а кои покажуваат дека 77,1 посто од заболените со Ковид -19 имаат одредени симптоми и година дена после првичната инфекција.

Најчести симптоми кои траат по цела година се намалена способност за вежбање- 56,3 посто, замор- 53,1 посто и проблеми со концентрација -39,6 посто.

Истражувањето покажало дека само еден од симптомите, опаѓањето на коса почнал да се губи меѓу 5-12 месец , а зачестеноста опаднала од 26,1 посто на 10,4 посто.

Од друга страна симптомите како диспнејата, односно отежнато дишење како и воопшто проблеми со дишењето значително пораснале. Зачестеноста на диспнејата пораснала од 27,1 посто на 37,5 посто, а заморот од 41,7 на 53,1 посто.

„ Долготрајните неурокогнитивни проблеми можат да се задржат најмалку една година од првичните знаци на инфекцијата и можат значајно да го сменат животот“, пишува Forbes.

Поранешните истражувања покажаа пак, дека од ваква состојба почесто се погодени жените од мажите.

Други студии пак истражуваат други пријавувани симптоми: осип, грчење на мускули, губење на слух, зуење во ушите, халуцинации, покачена температура, треска, кивање, искашлување на крв, сува кашлица, замаглен вид, конјуктивитис, промена на ножните прсти, несвестица, губење на памтењето, дигестивни проблеми.

Сподели на:

Leave a Reply

Your email address will not be published.