Министерот за земјоделство и шумарство на Турција Бекир Пакдемирли соопшти дека од 132 пожари колку што избиле во последните пет дена, дури 125 се ставени под контрола , а се работи на локализирање на останатите седум жаришта.
На заедничката прес-конференција со министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за култура и туризам Мехмет Ерсој, Пакдемирли изјави дека се вложуваат огромни напори за спречување на пожарите во близина на населбите и најинтензивно се работи на подрачјето на Анталија и Мугла.
„ Привремено е стабилен пожарот во Мармарис, но попладневните часови со промена на временските прилики се опасност и продолжува да се работи на тоа,“- соопшти Пакдемирли.
Продолжуваат да беснеат пожарите во Којчегиза, се гасни во Милас и Сејдикемер, а нови жаришта се јавуваат во Испарта.
Пакдемирли ја сподели информацијата дека во гаснење на пожарите учествуваат 16 авиони, 9 беспилотни летала, 51 хеликоптер, 1 беспилотен хеликоптер, над 850 цистерни, 150 механизациони машини и над 5.000 кои активно се вклучени во гаснење на пожарите.
Фото:АА